Секој 20-ти донатор на крв во Италија бил заразен од коронавирусот пред првиот официјален случај
Секој дваесети донатор на крв во Милано развил антитела на Ковид-19 пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крај на февруари.
Анализата на Поликлиника Милано потврди дека вирусот се ширел во Италија пред 21 февруари, кога официјално беше регистриран првиот случај на ковид-19 во Кодоња, пишува италијанскиот магазин Коријера дела сера.
Резултатите од големото истражување укажува дека на почетокот на епидемијата 4,6 отсто од донаторите на крв веќе имале антитела на вирусот Ковид-19, а тој процент пораснал на почетокот на април на 7,1 отсто.
Истражувањето е дизајнирано и координирано од Даниеле Прати и Лука Валенти од Катедрата за трансфузиона медицина и хематологија на поликлиниката во Милано заедно со Гвуангелмо Зехандер од Универзитетот во Милано, во соработка со неколку истражувачи кои исто така доаѓаат од болницата Луиџи Сако во Милано и Европскиот институт за онкологија.
#Covid19 anticorpi in 1 milanese su 20 già settimane prima della pandemia. La conferma in uno studio di #PoliclinicoMi
? https://t.co/wxfsyRXhMc#DanielePrati #LucaValenti #GianguglielmoZehender #Ricerca #Coronavirus pic.twitter.com/9zDKv8wZli
— Policlinico Milano (@policlinicoMI) May 20, 2020
Истражувачите по случаен избор прибрале примероци од околу 800 здрави крводарители кои редовно присуствуваат на Поликлинико ди Милано, каде што главниот центар за трансфузија е активен со повеќе од 40 илјади донатори секоја година од регионите Милано и Ломбардија, кои исто така се најпогодени од коронакризата.
Студијата е објавена во прелиминарна форма на интернет-страницата на престижниот журнал за новости од медицината „медРиксив“, додека целосно ќе биде објавено наскоро во печатеното издание на медиумот.
Како заклучок, според студијата, вирусот САРС-КоВ-2 циркулирал меѓу населението веќе некое време откако официјално започна епидемијата во Италија, односно пред датумот кој досега беше познат, 21 февруари 2020; Практиката на мерката за социјално дистанцирање се чини дека е ефективна, а особено кај помладите кои ги тестирале бидејќи се испоставило дека развиле долгорочен имунитет на ковид-19. Исто така, забележале и промени при пребројувањето на крвните клетки и липидниот профил кај сите донатори кои биле позитивни на коронавирусот. Тоа значи дека истражувањата резултираат и со две индиции кои би можеле да помогнат за подобро да се истражат асимптоматските луѓе, односно оние кои се заразени и го шират вирусот, а немаат развиено симптоми на заразата.
Коријера дела сера укажува дека со истражувањето е утврдено дека прво се заразиле главно младите, а дека неодамнешните случаи се поврзани повеќе со стари луѓе.