„Секогаш е убаво во убаво друштво“: Ивица Дачиќ по средбите со Амал Клуни и Иванка Трамп се сретна и со Марија Захарова

Фото: FA Srbija/Твитер

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, на Твитер објави две фотографии од Њујорк со портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, објави „Б92“.

Коментарот под фотографијата која ја објави е „Секогаш е убаво во убаво друшвто“.

Дачиќ е во делегацијата на Србија на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации, која ја предводи српскиот претседател Александар Вучиќ.

Освен со Захарова, Дачиќ се фотографираше и со светските познатата адвокатка Амал Клуни, патем сопруга на холивудската мега-ѕвезда Џорџ Клуни, како и со ќерката на претседателот на САД, Иванка Трамп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот