Секое шесто дете во Шпанија е во депресија во текот на епидемијата од коронавирус

Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

„Save the Children“ вели дека секое четврто ранливо семејство доживеало губење на работа или пад на приходите, што кај децата предизвикало напнатост и чувство на несигурност.

Секое шесто дете во Шпанија се чувствувало депресивно во текот на епидемијата од коронавирус, со тоа што најпогодени се децата од сиромашните семејства, објави денеска хуманитарно здружение.

Шпанија воведе еден од најстрогите карантини во светот, кој вклучуваше и забрана за излегување на децата од дома четири недели, за да ја сузбие епидемијата која усмрти речиси 28.000 луѓе.

Здружението „Save the Children“ соопшти дека нивното истражување спроведено во април, и покрај тоа што семејствата поминувале повеќе време заедно, 17 отсто од децата се чувствувале депресивно секојдневно или често и дека карантинот ги нагласил економските нееднаковости.

Во повеќето сиромашни семејства, 32,2 отсто од децата имале потешкотии со спиењето, а 30,1 отсто се плашеле од ковид-19, речиси третина повеќе отколку во богатите семејства.

Сиромашните деца и почесто плачеле, покажало истражувањето врз основа на 1.800 разговори со деца и нивните семејства.

„Save the Children“ вели дека секое четврто ранливо семејство доживеало губење на работа или пад на приходите, што кај децата предизвикало напнатост и чувство на несигурност. Во некои случаи, семејствата морале да го делат домот со странци за да ги намалат трошоците за изнајмување на стан.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот