Секое наредно кафе, нема да го има истиот ефект како првото утринско!

Profimedia
Фотографија:

Стручните лица велат дека е најдобро да причекате неколку часа пред да го испиете своето утринско кафе.

За многу луѓе пиењето на утринско кафе е дел од нивната секојдневна рутина.

Во моментот кога ќе започнете да размислувате за вашето прво утринско кафе, вашиот ендокрин систем прави и ослободува допамин, познат како хормонот за задоволство.

Веќе се чувствувате подобро кога ќе помислите дека наскоро ќе ја испиете првата чаша кафе.

Варење кафе или возењето до вашето омилено кафуле се работи кои отпуштаат повеќе допамин во вашиот организам.

Од друга страна, аромата на кафето кое го консумирате е многу важна. Да се разбудите и да го помирисате кафето е повеќе од самото пиење на истото, велат стручњаците.

Меѓутоа, кога ќе го испиете, вашето тело брзо го апсорбира кофеинот и потребно е само неколку минути да дојде до мозокот. Кога еднаш ќе се најде таму, кофеинот се врзува за делот на невроните кој го „уништува“ хормонот од кој ни се спие.

На крајот, истражувањата покажале дека секоја наредна чаша кафе, нема да го има истиот ефект како првата утринска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот