Секое јадење ќе го направите повкусно со советот на Џејми Оливер

Џејми Оливер, или „Голиот готвач“, на својот Инстаграм профил откри одличен совет што да додадете во секое јадење за посебен и побогат вкус…

Инстаграм – Џејми Оливер

Познатиот британски готвач сподели интересен трик пред своите бројни обожаватели на Инстаграм. Ова е толку едноставен совет што вреди да се проба.

Во последната епизода од неговата емисија посветена на италијанската кујна на Канал 4, Џејми подготви вкусен слатко-кисел сос во комбинација на ракчиња и туна со тестенини од кој и преку екраните ќе ве заскокотка апетитот.

Инстаграм - Џејми Оливер
Инстаграм – Џејми Оливер

Овој рецепт е посебно вкусен благодарение на еден едноставен трик. Трикот се крие во исечениот кромид, кој пред да го зготви го мие темелно со вода.

Така кромидот добива поблаг вкус и е помек, a секое јадење добива специфичен вкус без да преовлада природната јачина на кромидот. Подготовката на кромидот на овој начин е одлична доколку сакате да го комбинирате во некој сос.

Трикот го открива на своите 8,3 милиони обожаватели на Инстаграм, а сподели дека го превземал од познат италијански готвач и негов добар пријател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот