Сеќавања на еден фотограф: „Кој од кого го бранеше Вуковар?“

Пред 28 години, по тримесечни борби е завршена битката за градот Вуковар, една од најстрашните епизоди од војната која ја уништи Југославија. Влезот на единиците на Југословенската народна армија (ЈНА) е завршена со битка во која загинаa повеќе илјади луѓе. Фоторепортерот Милош Цветковиќ, кој тогаш работел во медиумот „Борба“, бил сведок на тие борби, а ова се неговите сеќавања кои ги објави српски „Блиц“.

„Ние го ослободувавме, тие го бранеа. Ниту ден-денес немам одговор на прашањето – кој од кого го бранеше Вуковар?“, се потсетува Цветковиќ, чии фотографии биле објавувани од страна на „Ројтерс“ во светските медиуми.

– Секој ден беше ист. Наутро доручек, потоа од хотелот „Слобода“ во автомобил и кон Источна Славонија. Повеќе воени контроли до фронтот и назад. И така со денови, одење и враќање, развивање на филмови и фотографии и нивно праќање до редакцијата – се потсеќа фотографот.

Цветковиќ во местото Оџаци, каде што бил сместен, открил една кафеана, каде го наоѓал својот мир по напорните денови поминати на фронтот и вознемирувачките слики од војната.

– Една вечер во кафеаната – надреална сцена. Во еден момент помислив дека можеби си замислувам од вињакот, но не беше така. Украинка, стриптизерка, започнува да танцува. Главни гости се војници и полицајци, па настанува општо воодушевување. Фотографирав и фотографирав и така „се роди“ една од моите најдобри фотографии – вели за „Блиц“ воениот фотограф.

Милош Цветковиќ се сеќава и на ноќта кога армијата тропнала на неговата врата при масовните мобилизации на населението.

– Една ноќ, само што помина полноќ, се огласни ѕвончето на вратата. Отварам и добивам покана за мобилизација. Се познавам со човекот кој ја носи поканата, и тој самиот знае дека на фронтот работам како фоторепортер. Извини, морам, вели тој. Утрото, со поканата право во Домот на ЈНА. Мајка ми, сестрите и жените, вознемирени плачат, загрижени за своите најблиски. Доаѓа мојот ред. Знаат што работам. „Цвеле извини, грешка“ велат, ги каниме сите по ред. А јас си мислам – кого успеат да го фатат – се сеќава Цветковиќ.

Во склад со професионалните обврски, тој се вратил во Вуковар. Помни дека дворот на болницата бил полна со кревети во кои имало мртви тела.

– На палците на нозете имаа етикети со нивни податоци. Како на филм. Преку улицата во друг двор уште десетина мртви тела. Преку нив паднати есенски лисја. Сцените се надреални. Есента е убава, поради боите, но во есента сѐ се гаси – отриква Цветковиќ дел од ужасите кои се случувале во пограничниот град.

„Одам вуковарските улици. Собираат лешеви и ги носат некаде. Наидувам на ослободител кои седи на сандуци за муниција и како да се прашува што сум ослободил и од кого? Уморен, неизбричен, тажен, стар, со “празни очи”.“

– Денес, 28 години подоцна, сигурен сум дека Мирослав Крлежа бил во право кога рекол: Србите и Хрватите се исто парче на кравји измет кој тркалото на запрежната кола на историјата го пресекло на половина“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот