Сејдини: Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна

Фото: ffm.mk

Фудбалската федерација на Македонија преку „хет-трик“ програмата на УЕФА во соработка со општина Штип и ФК Брегалница, денеска официјално ги започна градежните активности за изградба на нова западна трибина на Градскиот стадион во Штип.

Новиот стадион во Штип ги задоволува сите критериуми на УЕФА за одигрување на меѓународни натпреварувања во чии рамки ќе бидат изградени технички и лекарски простории, ВИП простор, застаклена кабина за ТВ коментаторски позиции и платформи за лица со посебни потреби.

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Штип, Сашко Николов, сопственикот на ФК Брегалница, Кирил Гогов, првиот човек на ОФС Штип, Димитар Џонов и спортски претставници го означија почетокот на изградбата на новата трибина која се гради по строгите УЕФА правилници за инфраструктура и ќе ги задоволува европските критериуми.

ВИДЕО: Потпишан договорот, Штип ќе добие модерен стадион!

– Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија се чувствувам и гордо и среќно што започнуваме со реализација на исклучително важен фудбалски проект.Изградбата на Градскиот стадион во Штип е еден од врвните приоритети за нас. Заедно со УЕФА и општина Штип во следниот период ќе изградиме репрезентативен стадион кои ги исполнува сите критериуми за одигрување на меѓународни клупски и репрезентативни натпревари. Како еден од нашите најголеми фудбалски центри, градот и фудбалскиот клуб Брегалница ја заслужува сета поддршка од Фудбалската федерација на Македонија.

Целосно ќе ја изградиме западната трибина и ќе бидеме логистика за сите други потреби околу изградбата на стадионот. Подобрувањето на фудбалската инфраструктура е еден од клучните делови во работењето на ФФМ и за многу кратко време ја менуваме сликата на стадионите во нашата држава. Упатувам благодарност до општина Штип, фудбалскиот клуб Брегалница и Општинскиот фудбалски Сојуз за поддршката и помошта која ја даваат во реализација на проектот. Со нивна помош и поддршка од ФФМ и УЕФА, Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата – изјави претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот