Сејдини му честита на Инфантино за новиот мандат

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини му честиташе за новиот мандат на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
На Конгресот на ФИФА, актуелниот претседател, Џани Инфантино доби доверба да ја предводи Светската фудбалска асоцијација во нов мандат, до 2023 година. 49- годишниот Швајцарец беше единствениот кандидат за претседател на ФИФА.

– Во име на ФФМ и мое лично би сакал да му честитам на изборот на Џани Инфантино и да посакам многу среќа и успех во работата. Не се сомневам дека во тоа ќе има полна поддршка од Извршниот комитет на ФИФА, како и од членките асоцијации на Светската фудбалска асоцијација, меѓу нив, секако и Фудбалската федерација на Македонија. Џани се докажа како исклучителен лидер на ФИФА, заедно со неговиот тим и администрацијата на ФИФА постигнаа одлични резултати и успеси во проектите и убеден сум дека во таа насока ќе продолжи – изјави Сејдини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот