Сејдини: Инфантино ни вети дека поддршката од ФИФА нема да изостане

Првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини со претседателот на ФИФА, Џани Инфантино/фото: facebook.com/www.ffm.mk

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини имаше средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Првиот човек на македонскиот фудбал вели дека поддршката на Инфантино е секогаш добредојдена за федерации како ФФМ. Во преден план се унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата.

– Одличните односи и соработка ќе продолжиме да ги негуваме и во иднина, а во преден план ни е унапредувањето на фудбалот и инфраструктурата. Инфантино ни вети дека подршката од ФИФА во овој дел нема да изостане и наскоро очекуваме новости во овој правец – објави Сејдини.

Воедно Сејдини се сретна и со првиот потпретседател на германската фудбалска федерација, претседател на надзорниот одбор на германската Бундеслига и главен извршен директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке.

– Средбите од ваков тип со еден од највлијателните луѓе во светот на фудбалот се секогаш добра можност за размена на исксутва и идеи за развој на фудбалот – пишува Сејдини.

Ново партнерство меѓу УНИЦЕФ и Фудбалската федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот