Сеизмолошката опсерваторија на ПМФ смирува: Не паничете, епицентарот е далеку од нас

Земјотресите кои утринава се почувствуваа во Македонија, а беа со епицентар во Драч, Албанија, значително ги вознемирија граѓаните. Но, место за паника нема, смирува раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, при ПМФ, Драгана Черних.

– Земјотресите кои се случија утинава, 26.11.2019, припаѓаат на епицентрално подрачје Драч кое се наоѓа на 170-тина километри југозападно од Скопје. Најсилниот земјотрес беше во 3 часот и 54 минути, кој со Рихтерова магнитуда 6.4 беше почувствуван на целата територија на Републиката. Со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала во западниот дел, со IV-V во Скопје, Кичево, Прилеп,  Битола и во источниот дел III-IV степени според истата скала, вели Черних, и додава дека очекувани се афтершокови.

– Земјотрес со ваква јачина нормално е да е проследен со интензивна афтершокова активност, на послаби земјотресеи со магнитуда пониска од главниот земјотрес. Од оваа серија до сега има неколку земјотреси со магнитуда 4<ML<6, додека сите други се послаби – објаснува Драгана и повикува на смиреност кај населението.

– Место за паника секако дека нема, посебно што станува збор за земјотреси чии епицентри се далеку и освен вознемиреност кај населението не можат да предизвикаат матерјални штети – објаснува раководителката на Сеизмолошката опсерваторија, при ПМФ, Драгана Черних.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот