СЕХА: Вардар не знае за пораз во полуфиналните дуели со ППД Загреб

фото: seha-liga/Jozo Cabraja

Денеска стартува деветтиот Фајнал-фор турнир во СЕХА Газпром лигата, актуелниот шампион Вардар 1961 од 20.30 часот во хрватскиот Задар ќе игра во полуфиналето против ППД Загреб од Хрватска. Претходно од 18.00 часот унгарскиот Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе игра против белорускиот Мешков Брест.

„Црвено-црните“ ќе го бркаат своето петто финале по ред, вкупно осмо во својата клупска историја во ова регионално натпреварување. Само еднаш не успеја да бидат дел од завршната битка, во сезоната 2014/2015.

Пред вечерашната пресмета традицијата вели дека е на страната на Вардарци кои никогаш досега немаат претрпено пораз од ППД Загреб кога се во прашање полуфиналните пресметки.

Вардарци вечерва ја кроеја тактиката за дуелот со Загреб

На првиот Ф4 турнир во Загреб во 2012 година, Вардар триумфираше со 30:29, потоа во 2014 во Нови Сад забележа победа од 30:22, во 2016 година во Вараждин резултатот беше 26:24, а во 2017 година во Брест македонската екипа славеше уште еднаш убедливо со 36:28.

Во последните две години овие два тима се сретнуваа во големото финале, и во двата меча беа подобри „црвено-црните“ со 26:24 (Скопје) и 26:23 (Брест).

Вардар има два порази од ППД Загреб на завршните турнири, во 2013 година во финалето одржано во СЦ „Борис Трајковски“ со 25:24, а во 2015 година во борбата за третото место во Веспрем (26:23).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот