СЕХА: Вардар и Е. Пелистер дома ќе бркаат пласман на Ф4 турнирот во Задар

На состанокот на Извршниот комитет на СЕХА одржан на 12 јули 2022 година, донесена е одлука за продолжување на натпреварувањето во сезоната 2021/22.
Како што најавува претседателот на регионалното натпреварување, Михајло Михајловски, сезоната на СЕХА – Газпром лигата 2021/22 ќе продолжи во август 2022 година, со четвртфиналните натпревари кои ќе се играат помеѓу 8 и 25 август 2022 година, а Фајнал-фор турнирот ќе се органиизира од 2 до 4 септември во градот Задар, Хрватска.
По анализата и пресметката на просечниот пласман на екипите во сите сезони во кои учествуваа во СЕХА, осумте најдобропласирани екипи ќе учествуваат во четвртфиналните натпревари. Двојките од четвртфиналните натпревари се решени со жрепка и ќе се одигра само еден натпревар помеѓу следните двојки. Домаќините беа решени и со жрепка одржана на состанокот на Извршниот комитет на СЕХА.
Двојките од четвртфиналето во СЕХА лигата (сезона 2021/2022):
Татран Прешов – Веспрем
Вардар 1961 – Нексе
Војводина – ППД Загреб
Е. Пелистер – Мешков Брест
Доколку скопските „црвено-црни“ триумфираат против Нексе, во полуфиналето на Ф4 турнирот ќе играат со подобриот од пресметката Војводина – ППД Загреб. А доколку битолчани слават против Мешков Брест, во полуфиналниот меч ќе се сретне со Татран Прешов или Веспрем.