СЕХА: Прекината победничката серија на Еурофарм Работник!

facebook.com/rkeurofarmrabotnik/

Имаше малку погодоци во текот на денешниот меч одигран во Хрватска, составот на Еурофарм Работник вечерва во Загреб го доживеа првиот пораз во СЕХА Газпром лигата.

Домашната екипа ППД Загреб минимално беше подобра од битолските „фармацевти” со конечен резултат 24:23, иако првото полувреме заврши нерешено, 11:11.

Во еден тактички дуел, домашната одбрана на Веселин Вујовиќ ја надмудри одбраната на тимот на Стевче Алушовски и затоа стрелците во двете екипи затаија и беа недоволно ефикасни.

Кај Хрватите Мраковчиќ постигна четири голови, додека кај македонскиот претставник Јотиќ се одвои како најефикасен со пет голови.

Еурофарм Работник (кој имаше три победи во низа од стартот на сезоната) и Веспрем со по девет бода се наоѓаат на делба на првото место во групата „Б“. Во регионалното натпреварување битолскиот клуб го очекува уште едно гостување на 8 октомври во Белорусија кај Мешков Брест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот