СЕХА: Не успеа Еурофарм Пелистер, Нексе во четвртфинале против Вардар!

Битолчани кои на моменти ја анулираа негативата од првиот меч, пропуштија убава можност да бидат меѓу најдобрите осум во регионалната ракометна лига.

После поразот на првиот натпревар од осминафиналето во Хрватска со резултат 23:20, ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа задача да ја анулираат негативата за пласман во следната фаза во СЕХА Газпром лигата.

Во полната сала „Боро Чурлевски“ во Битола во реваншот Еурофарм Пелистер триумфираше со 24:22, недоволно за пласман во четвртфиналето.

Во првите 20 минути од средбата во негатива беше македонскиот ракометен клуб, Хрватите имаа предност од 1:4, но пред паузата се врати нашиот претставник и направи пресврт за 12:9.

Во вториот дел предноста на Еурофарм Пелистер беше и четири голови разлика, и тоа двапати (18:14, 19:15), благодарение на Велковски и Вегар, но противникот од Нашице не се предаваше.

Ракометарите на Бабиќ во 47 минута имаа на семафорот 20:17 и кога беше најпотребно да се одржи ваквата позитива, следуваа низа нереализирани напади на битолчани, а тоа го казнуваа ривалите кои успеаја да израмнат на 21:21.

Прочитајте и...  Ирците на колена во Скопје, денот кога Македонија славеше голема победа! (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер имаше уште една последна сила, стекна ново водство од 24:22, на 50 секунди до крајот на мечот Јотиќ имаше шанса за „плус три“ на мечот, но топката заврши над противничкиот гол, па така беше пропуштена убава можност битолскиот клуб да се најде во Топ 8 најдобри сезонава во регионалното натпреварување.

Ловро Јотиќ кај домаќините имаше пет голови, а на спротивната страна за гостите истиот учинок го имаше Томислав Северец.

На тој начин се познати три четвртфинални двојки во СЕХА: Вардар-Нексе, Војводина-Веспрем и Татран Прешов-ППД Загреб. Последниот пар ќе го дознаеме после двомечот Пекинг Спорт Универзити-Мешков Брест, а победникот ќе се соочи со Мотор Запорожје.

Прочитај повеќе

Одложена и шеста трка во Мото ГП шампионатот

Слободен печат

Во Атлетико Мадрид за 70 проценти намалени платите

Слободен печат

Три децении, проклетството не попушта – кој го проколна Ливерпул?

Слободен печат

„Џејмс Бонд“ на светскиот фудбал пред неочекуван трансфер!?

Слободен печат

„Магионичар“ и на 12 години, како започна кариерата на Лео Меси (ВИДЕО)

Слободен печат

Ирците на колена во Скопје, денот кога Македонија славеше голема победа! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Десетката“ во Барселона е резервирана само за мајстори на фудбалот (ВИДЕО)

Слободен печат

Инфантино: Фудбалот ќе биде поинаков по кризата

Слободен печат

Крај на фудбалот во Белгија, Бриж шампион

Слободен печат

Кошаркарски судии свирчето го заменија за стетоскоп за време на пандемијата

Слободен печат

Тенисерите разочарани од откажувањето на Вимблдон

Слободен печат

Најубавата борачка во УФЦ тренира и готви скроз гола (ФОТО)

Слободен печат