СЕХА лигата со кинески шмек

фото: СЕХА

СЕХА Лигата од следната сезона ќе брои 12 екипи, а една од двете нови екипи кои ќе настапуваат во регионалното ракометно натпреварување ќе биде и кинески тим, Пекинг Спортс Универзитет.

– Деветтата сезона на СЕХА Гаспром лигата ќе донесе многу новини во нашата лига, а еден од нив ќе биде кинескиот тим Пекинг спорт универзитет, кој ќе се натпреварува од следната сезона. Нашата цел е да го развиеме регионалниот ракомет и да донесеме нешто ново, револуционерно во регионот. Со овој потег ги прошируваме хоризонти и пазари во југоисточна Европа, но и надвор од европските граници –  изјави Михајло Михајловски, претседателот на СЕХА лигата.

Базата на кинескиот тим ќе биде во Хрватска, а титулата ќе ја брани македонскиот шампион Вардар кој во финалето беше поуспешен од Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот