СЕХА лигата со 10 екипи, Еурофарм Пелистер во група со Загреб, Веспрем..!

фото: facebook.com/ihtstruga

Новата натпреварувачка сезона во СЕХА Газпром лигата според најавите ќе стартува на 10 октомври, одлучи раководството на ова регионално натпреварување.

Овој пат лигата ќе има 10 екипи, македонскиот ракомет ќе го претставуваат екипите на Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.

Лигата е поделена во две групи од по пет екипи. Поделбата е направена според географски принцип, со цел да се избегнат долгите патувања, а екипите од иста земја ќе бидат одвоени во разни групи.

Вардар 1961 кој неодамна беше дел од Ф4 турнирот во Задар и го освои второто место се наоѓа во групата „А“ заедно со Татран Прешов (Словачка), Војводина (Србија), Мотор Запорожје (Украина) и Нексе Нашице (Хрватска).

Еурофарм Пелистер од Битола се наоѓа во нешто поатрактивна група, со три екипи кои партиципираа на последниот Фајнал-фор турнир, Веспрем (Унгарија), ППД Загреб (Хрватска) и Мешков Брест (Белорусија), а тука е и српскиот состав на Војводина.

СЕХА Газпром лига
Сезона 2020/21

Група „А“: Вардар, Татран Прешов, Војводина, Мотор Запорожје, Нексе Нашице

Група „Б“: Еурофарм Пелистер, Веспрем, Загреб, Мешков Брест, Металопластика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот