СЕХА лига: Вардар на гости кај Мотор

По триумфот над дебитантот Пекинг (37:23) во првото коло на СЕХА лигата ракометарите на Вардар в сабота (16,15 ч. – МТВ пренос) на гости во Украина ќе играат против Мотор Запорожје.

„Црвено-црните” ќе врзат две средби со дебитантите во ова регионално натпреварување, а со Мотор ќе треба да се сретнат и во ЕХФ Лигата на шампионите. Ова ќе биде прв меѓусебен дуел на Вардар и Мотор во европските купови.

Мотор Запорожје е шесткратен првак на Украина и пет пати го освојувал Купот. Сезонава се засилија со денер Јаанима, поранешен играч на Кил, а во тимот настапува и еден поранешен вардарец, Стефан Вујовиќ. Во првото коло Мотор освои три бода во гости победувајќи го Татран со 25:24 со погодок во последните секунди.

Во тимот на Вардарци нема Стојанче Стоилов, Жозе де Толедо, Калифа Гедбан и Сташ Скубе. Словенецот е повреден, голманот Гедбан не доби влезна виза за Украина. Стоилов и Толедо се реконвалесценти. Откао беа завршени сите формалности околу трансферот на Глеб Калараш тој ќе биде на располагање на тренерот Писонеро. Во тимот на Вардар отпатуваа и младите Мартин Карапалевски, Марко Кизаќ и Дејан Кукуловски.

– Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар, совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме се од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви натпревари и со нетрпение чекаат да излезат на теренот – изјави Давид Писонeро, тренерот на Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот