СЕХА Лига: Е. Пелистер на мегдан со Металопластика

фото: Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер денеска (17 ч.) ги продолджуваат настапите во СЕХА Лигата гостувајќи му на поранешниот европски шампион Металопластика.
Првата пресметка помеѓу овие две екипи која се играше во Битола, заврши со триумф на Е. Пелистер од 30:26.
– Немавме многу време да се спремаме за Металопластика, но одиме во Шабац по победа. Нема да биде лесно, Металопластика е одлична екипа, но се спремаме колку што имаме време и тоа е тоа. Добро сме спремни, се враќаме во ритам, се враќаат репрезентативците. Ние играме на секој натпревар на победа, па што биде нека биде – вели бекот Дејан Кукуловски.

Е. Пелистер има три настапи во СЕХА Лигата и има скор од две победи над Металопластика и Прешов, додека загуби на гостувањето кај ППД Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот