СЕХА Лига: Е. Пелистер го растури Татран

фото: Е. Пелистер

Ракометарите на Е. Пелистер остварија убедлив триумф од 28:16 над Татран Прешов во дуелот од третото коло во СЕХА Лигата. Ова беше вкупно петта победа во низа за битолчани во сите натпреварувања, а втора во СЕХА лигата.

Воведните минути од натпреварот му припаднаа на Татран кој поведе со 3:5, но оттогаш пелистерци ги земаат работите во своите раце и возвраќаат со серија од 6:0 за водство од 9:5. Со четири гола предност за Е. Пелистер (11:7) се замина на одмор, а во вториот дел вистинска рапсодија на ракометарите на Жељко Бабиќ.
Одбраната предводена од одличниот голман Карим Хендави стана непремостлива препрека за гостинските ракометари, додека во нападот акциите завршуваа со лесни голови. Така во 48. минута, Е. Пелистер за прв пат дојде до двоцифрена предност (22:12) по што остатокот од натпреварот претставуваше чиста формалност.
Карим Хендави повторно блескаше на голот на Е. Пелистер со 14. одбрани, а постигна и еден гол, а најпрецизен беше Граџан со седум, додека Периќ даде шест гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот