СЕХА ги смени групите поради Спартак Москва

фото: СЕХА

Влезот на Спартак Москва на местото на унгарскиот тим Татабања ги натера челниците на СЕХА лигата да направат корекции во групите поради политички причини.  Рускиот тим требаше да го зазеде местото на Татабања во групата А, но бидејќи таму се наоѓа украинскиот Мотор Запорожје, е направена промена на групите.

Политиката на речиси сите европски федерации е да се избегнуваат дуели помеѓу руски и украински екипи поради големите политички тензии оинеѓу двете земји.

Поради тоа, нов противник на бранителот на титулата, Вардар, во групата А ќе му биде тимот на Пекинг Универзитет кој своите натпревари ќе ги игра во Хрватска, додека Спартак Москва оди на мегдан на Еурофарм Работник.
Стартот на новата сезона во во СЕХА лигата е закажан за 3 и 4 септември.

Група А
Вардар
Нексе
Татран Прешов
Војводина
Мотор Запорожје
Пекинг Спорт Универзитет

Група Б
ППД Загреб
Мешков Брест
Еурофарм Работник
Металопластика
Веспрем
Спартак Москва

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот