СЕХА, четвртфинале: Вардар со минимална предност од Нашице!

фото: twitter.com/SEHALeague

Реваншот ќе се одигра на 15 март во СЦ „Јане Сандански“, руското лево крило Дибиров постигна 12 голови против екипата на Нексе.

Иако во одредени моменти од натпреварот имаше негатива и од четири голови разлика, Вардар со позитивен резултат ќе го стартува реваншот од четвртфиналето против екипата на Нексе во СЕХА Газпром лигата.

Денеска македонскиот и регионален шампион го одигра првиот дуел во Нашице (Хрватска), кој заврши со минимална победа од 30:31.

Руското лево крило на „црвено-црните“ Дибиров одигра одличен дуел, постигнувајќи 12 голови. Скубе имаше 6, додека Шишкарев и Горбок имаа по четири погодоци. Ристовски Борко имаше седум одбрани во деби натпреварот за Вардар.

На спротивната страна за хрватскиот претставник седум голови беа дело на Пешиќ, два помалку запиша Кевиќ.

Дали тоа ќе биде доволно за пласман на Фајнл-фор турнирот во Задар, останува да се види после возвратната пресметка која е закажана за 15. март во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје.

Во првите мечеви од четвртфиналето на останатите три дуели: Војводина-Веспрем (26:31, Дејан Манасков без погодок), Мешков Брест-Мотор Запорожје (30:28) и Татран Прешов-ППД Загреб (21:25).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот