СЕХА: Без гледачи на реванш натпреварот Вардар-Нексе!

фото: rkvardar.mk

Како што информираат од ракомениот клуб Вардар 1961, потврдена е саатницата за СЕХА реванш четвртфиналниот натпревар против Нексе.

Вардарци се на чекор до пласман на завршниот турнир во СЕХА Газпром лигата, а пред одбрана на титулата им претстои реванш четвртфиналниот меч со хрватскиот клуб.

Истиот беше предвидено да се игра во март, но поради пандемијата со Ковид-19 истиот беше одложен. Сега стигна потврдата за одигрувањето на истиот.

СЕХА лигата заедно со Вардар 1961 се договорија средбата да се одигра на 29 август во Скопје со почеток во 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Предвидено е од истиот меч да има ТВ пренос на МТВ 1 и МТВ3 и Арена ТВ. Поради препораките за одржување на спортски натпревари на истиот натпревар НЕМА ДА ИМА ПРИСУСТВО НА ГЛЕДАЧИ – информираат од РК Вардар.

Во полуфиналето веќе се пласираа Мешков Брест и ППД Загреб, а уште еден патник на заршницата во Задар ќе се дознае и после реванш четвртфиналната пресметка меѓу Војводина и Веспрем (26:31). Тој дуел е закажан за 25 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот