Сега стручњаците нека објаснат како победивме
Селекторот Никола Матијашевиќ не можеше да остане рамнодушен по големата победа на неговите избраници и тоа над домаќинот Словенија. Матијашевиќ по победата не остана имун ниту на нападите од „стручњаците“ .
– Македонија отсекогаш играше како што треба, но овие последни два меча јас морам да им честитам на сите играчи на многу работи. Ова е најголем нивен резултат. Она што се договоривме и синоќа и денес, како да играме, како да блокираме, го исполнивме. Ова е голема заслуга на целата екипа. Се надевам дека сега ќе ги поминеме границите и ќе одиме во Франција. Математички, не е обезбедено ништо, но како и да е ова е голем успех. Се надевам дека ќе има стручњаци во Македонија кои ќе ги објаснат добрите игри, како што ги објаснија и лошите игри. Во тимот има 14 момци што не сакаа да попуштат дури и кога губевме. Направивме повеќе блокови и тоа не против било кој противник, туку Словенија – порача селекторот Матијашевиќ.