Сега имаат четири што ги развија сами: Кинезите одобрија уште две вакцини против ковид-19

Вакцина /Фото: EPA-EFE/SHAHZAIB AKBER

Кинеската национална управа за медицински производи денеска соопшти дека одобрила уште две вакцини против ковид-19 за јавна употреба.

Вакцините се произведени од „КанСино биолоџик инк” и подружница на Институтот за биолошки производи „Синофарм” во Вухан.

Со новите одобренија, Кина има четири вакцини против ковид-19 кои сама ги разви.

Институтот за биолошки производи во Вухан вчера ги објави првичните резултати од испитувањето на вакцината, кои покажаа дека таа е ефикасна 72,51 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот