Сега има помалку невработени отколку пред пандемијата

Скопје / Фото: ЕРА EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Од Агенцијата за вработување информираат дека повеќе од 16.000 луѓе кои останале без работа за време на пандемијата, пак си нашле работа.

Податоците од Агенцијата за вработување откриваат дека сега во државава има помалку невработени отколку пред пандемијата. Во јуни, за кога има последни податоци, во Агенцијата за вработување (АВРСМ) се пријавиле вкупно 165.518 невработени. Пред пандемијата, во февруари 2020 година, на список на Агенцијата се нашле 191.939 граѓани, што значи дека во јуни годинава имаме дури 26.417 помалку евидентирани невработени граѓани. Притоа, само од почетокот на годинава, за првите 6 месеци, бројот на невработените се намалил за околу 10.000 граѓани.

Од Агенцијата за вработување информираат дека повеќе од 16.000 луѓе кои останале без работа за време на пандемијата, пак си нашле работа.

„Со состојба на 31.12.2021 година евидентирани се 16.073 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот“, пишува во извештајот на АВРСМ.

Но, како што може да се види од извешатајот заклучно со 30.06.2022 година, од овие што пак нашле работа, на околу 1.000 работници им престанал работниот однос, доброволно, или присилно.
Државниот завод за ревизија пак, во извештајот за реализација ковид-мерките, посочи дека 17.000 луѓе за време на пандемијата останале без работа.

Во меѓувреме, од сите страни стигнуваат апели од работодавалчите дека нема квалитена работна сила и дека тие што се јавуваат на огласите, за кусо време ја напуштаат работата. По хотелите и рестораните, како што изјави за „Слободен печат“, Крсто Блажевски, претседател на Хотелско-туристичката асоцијација на Македонија, сезонски се врабиотуваат средношколци.Во текстилната индустрија се одбиваат договори со странски компаниии з лон производство затоа што нема кој да шие.

Проблемот со недостиг на работници постои во сите земји, и додека ние се надеваме дека ќе го пополниме со работници од регионот со олеснувањата што треба да ги донесе иницијативата Отворен Балкан, така и Србија се надева дека ќе преземе кваливикувани работници од кај нас. Српските медиуми пишуваат дека над 30.000 занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе бараат работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи и дека ова ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд.

Денес, според податоците на Агенцијата за вработување, во државава имало 8.218 слободни работни места, од кои 1.651 во преработувачката индустрија , 1.440 во административни и услужни дејности и 1.199 во трговијата.

Видео на денот