Сега и официјално: Oва е новиот Samsung Galaxy Note 10 (ФОТО)- Слободен печат
МагазинТехнологија

Сега и официјално: Oва е новиот Samsung Galaxy Note 10 (ФОТО)

Документите покажуваат дека овој смартфон нема да поддржува 5G, но се очекува Samsung да пушти неколку модели од овој уред.

Samsung ќе го претстави смартфонот Galaxy Note 10 на 7. август. Симпатизерите не треба да чекаат до следниот месец да го видат телефонот за прв пат. Слики од уредот веќе беа објавени од Федералната комуникациска комисија (FCC), пишува CNBC.

FCC ги објавува вообичаените документи за сертификација за претстојниот high-end паметен телефон на Samsung. Еден од документите вклучува неколку фотографии од уредот кој сè уште не е на пазарот.

Кадрите покажуваат дека Galaxy Note 10 нема да има влез за слушалки, по трендот кој Apple го наметна во 2016 година, кога ги отстрани влезот за слушалки на iPhone 7, а потоа и од другите уреди.

Note 10 ќе има тројна камера, може да се забележи на сликите. Документите покажуваат дека овој смартфон нема да поддржува 5G, но се очекува Samsung да пушти неколку модели од овој уред.

Galaxy Note е позициониран така што Samsung ќе се натпреварува директно со iPhone на Apple во премиум сегментот на пазарот на паметни телефони во САД. Од нештата кои се истакнуваат се S-Pen пенкалото и големиот екран. Вообичаено, паметниот телефон излегува на крајот на летото.

Минатата година Galaxy Note 9 се нудеше по почетна цена од 999 долари и беше лансиран на пазарот во август.

Во 2018 година, Samsung има продадено повеќе смартфони од било која друга компанија, претекнувајќи ги Apple и Huawei, покажуваат податоците на компанијата за истражување на пазарот IDC.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close