Сега и Кувајтските петро-долари влегуваат во фудбалот, на мета италијански гигант

Босанецот Един Џеко потпиша договор на две години со Интер/Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Иако името на клубот не е спомнато речиси сите во Италија знаат за кого станува збор.

По богатите шеици од Обединетите Арапски Емирати и Катар кои си купија играчки во Манчестер сити и ПСЖ, на фудбалскиот пазар планираат да влезат и шеиците од Катар. Тие фрлиле око на Серија А и на поранешниот шампион Рома.

„Римската волчица“ се наоѓа во хаотична состојба кога станува збор за сопствениците. Актуелниот сопственик Џејмс Палота ги прекина преговорите со Ден Фридкин, милијардер од Тексас, а камен на сопнување беа парите и локацијата за новиот стадион.

Потоа се појави група инвеститори од Јужна Америка но и тие преговори пропаднаа поради преголемата сума на пари која ја бара Палота.

Сега во трката влезе и Кувајт, а Фахад Ел Бакар еден од главните луѓе на емирот од Кувајт, потврди дека преговара за купување на клуб од Серија А.
– Во принцип се е договорено, а сега следуваат и деталите. Сумата изнесува околу 400 милиони евра, но не можам да го кажам името бидејќи екипата се наоѓа на берза и не сакаме да предизвикаме големи промени на вредноста на акциите. Се уште не е готово и ќе видиме дали можеме да ги договориме сите детали – изјави Ел Бакар.

Италијанските медиуми немаат дилеми, станува збор за Рома бидејќи сумата одговара на вредноста на римскиот клуб, но Палота демантира дека преговара со емирот на Кувајт. Тие шпекулираат дека целата работа ќе се заврши пред почетокот на новата сезона по што богатиот сопственик веднаш би инвестирал околу 200 милиони евра за засилувања со што „римската волчица“ би била еден од главните фаворити за титулата во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот