Сега е вистинското време: Свежата зелка штити од рак, а варената ја ублажува нервозата

Фото: Профимедиа

Изобилството со витамин Ц и сулфур коишто се наоѓаат во зелката се одговорни за тоа што овој зеленчук успешно ги отстранува слободните радикали и мочната киселина, а кои се главни виновници за кожните болести и реумата.

Освен тоа, свежата зелка ја спречува апсорпцијата на маснотиите по оброкот и на тој начин го намалува нивото на холестерол. Во текот на џвакањето и сечкањето, од зелката се ослободуваат изотиоцијанати и индоли, супстанции за кои е докажано дека дејствуваат превентивно против ракот.

Свежата зелка помага и кај слабокрвноста (анемија), несоница, депресијата и анксиозноста, додека е варената зелка е одлична за детоксикација и е едно од најдобрите средства против напнатост, анксиозност, слабост и лоша концентрација.

Бројни студии потврдиле дека луѓето кои често јадат зелка имаат проблеми со варењето, дебелото црево, белите дробови и кожата. Исто така, луѓето кои имаат високо ниво на антиоксиданти добиени од храната поретко заболуваат од срцеви болести, мозочен удар и катаракта.

Чаша свежо цеден сок од зелка дневно го подобрува општото здравје и ги намалува или целосно отстранува проблемите со цревата, но и проблемите на респираторниот и уринарниот тракт.

Облоги со мед

Како лек, зелката најчесто се применува во вид на облоги. Особено тие се делотворни кога станува збор за упорна кашлица и бронхитис. За таа намена, лист од зелка ставете неколку минути во врела вода, да стане топол и мек. Потоа, едната страна намачкајте ја со мед. Страната каде што е медот ставете ја на градите на болниот. Одозгора ставете ќесе и обвиткајте го со шал или со крпа. Оваа облога најдобро е да ја ставате пред спиење, а вреди да повторувате пет до седум вечери. Истата облога многу е успешна и за раничките кои се појавуваат на усните како последица на херпес.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Видео на денот