Сега е официјално, македонскиот репрезентативец Вајли ќе игра во АБА лигата

Фото: kfsm.mk

Натурализираниот македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли, од денеска и официјално е нов кошаркар на вицешамионот во АВА лигата лигата, Будуќност. Оваа вест ја потврди менаџерот на кошаркарот, Мишко Ражњатовиќ.
Вајли во Будуќност пристигнува на барање на новиот тренер Александар Џикиќ, кој во минатото седеше и на клупата на македонската репрезентација.

– Полека, но сигурно станувам Балканец. Ми се допаѓа тоа. Парите се во ред, но во Будуќност доаѓам зашто важи за доста славен клуб на овие простори. И за можноста да играм во европските купови, во сѐ посилната Јадранска лига, но и за тренерот Александар Џикиќ, за кого слушнав само пофални зборови. Меѓу другото и дека бил селектор на Македонија. Се надевам дека тоа ќе биде добра и добитна комбинација во сезоната која следува – изјави Вајли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот