Сефте за Работнички за АБА 2 лигата

Кошаркарите на Работнички ја остварија првата победа во АБА2 лигата откако вечерва со 76:70 го совладаа тимот на Подгорица.

Тоа што го вети тренерот Димитар Мираковски по убедливиот пораз на стартот од дебитантскиот настап во регионалното натпреварување, дека убедливиот пораз од Студентски центар се должи на заморот на неговите кошаркари и дека во наредниот натпревар ќе биде поинаква сликата, се оствари.

Натпреварот започна со одлична игра на Работнички кој ја доби со убедливи 30:12, а дуелот го отвори со серија од 11 поени благодарение на Питс и на Враговиќ. Шутот за три поени одлични ги служеше кошаркарите на Работнички, а со одличната игра во одбрана го лимитираа тимот на Подгорица на само 33 поени во првото полувреме.

Второто полувреме започна во знакот на Подгорица кој предноста од 15 поени успеа да ја намали на едноцифрена (51:59). Сепак, кошаркарите на најтрофејниот македонски колектив повторно се разиграа кога беше најпотребно, во последната четвртина и благодарение на тандемот Питс-Вашингтон ја задржа предноста и дојде до премиерната победа во АБА2 лигата.

Дамиер Питс со 21 поен и Девон Вашингтон со 19 поени беа најдобри во тимот на Работнички, а се истакна и Карло Враговиќ кој даде 11 поени како и Стефан Балмазовиќ со 12 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот