СЕДУМТЕ ЏУЏИЊА НА ХИТЛЕР: Никој не верувал дека ќе го преживеат „Аушвиц“

Нацистите со презир гледале на сè што не е ариевско, а на сите им е познато дека за најголеми непријатели ги сметале Евреите кои немилосрдно ги убивале во „фабриките на смртта“. Во нивна немилост биле и оние кои биле хендикепирани, ментално нетсабилни или психички болни луѓе. На нив меѓу другото се тестирало и убивање со смртоносен гас.

Посебно ранлива група биле малите луѓе кои често ги нарекуваат џуџиња.
Семејството унгарски Евреи со презиме Овитз скоро и да немало никакви шанси за преживување во стравичниот нацистички логор. Тие биле група патувачки глумци и музичари со потекло од Романија, кои го преживеале злогласниот „Аушвиц“.

Хоророт започнал кога му паднале во раце на Менгеле

Кога во 1944 година патувачкиот ансамбл „Лилипут трупа“ завршил во „Аушвиц“, за нивна несреќа го привлекле вниманието на „ангелот на смртта“, односно докторот Џозеф Менгеле, познат по вршење експерименти на затвореници.

Тој бил толку импресиониран со фактот што на едно место има седум џуџиња што ги одвоил од другите затвореници и одлучил да ги додаде на неговата „збирка експериментални заморчиња“. Го интригирал фактот што во семејството има и членови со низок раст и со просечна висина. Членовите со понизок раст ги одвоил во посебни бараки, а за да бидат доволно издржливи за да ги поднесат неговите експерименти, наредил нивните бараки да бидат редовно чистени и нивната храна да биде подобра.

 

Од нив извлекувале коскена срж, им ги корнеле забите

Менгеле и неговите помошници од нив извлекувале коскена срж, им ги корнеле забите и косата за да најдат знаци од наследна болест. Во очите им ставале капки со хемикалии, а во ушите врела и ладна вода. Гинеколозите вршеле експерименти над жените.

Најлошо поминал 18-месечниот Шимсон Овитз, на кого Менгеле секојдневно му вадел крв од вените зад ушите и прстите. Наводно некои од луѓето со низок раст ги убиле и ги свариле во врела вода за да можат коските да им ги изложат во музеј.

Им ја читал „Снежана“

Менгеле често им ги повторувал зборовите „Зад седум планини се кријат моите седум џуџиња“, а жените од семејството Овитз му се обраќале со „ваша екселенцијо“ и му пееле кога им го барал тоа. На своите „омилени заморчиња“ понекогаш им носел и подароци – играчки или слатки кои ги земал од убиените деца во логорот.

 

Морале да ги забавуваат СС-овците и Хитлер

Знаејќи колку Хитлер го одушевуваат џуџињата, Менгеле снимил филм во домашна верзија во кој Овитцови морале да пејат германски песни за да го забавуваат фирерот. Пееле и пред СС-овците, а публиката се смеела додека со голем стап покажувале на нивните гениталии.

Успеале да го преживеат „Аушвиц“

Иако повеќето членови од семејството не очекувале да го преживеат „Аушвиц“, успеале да излезат кога Русите влегле во логорот во 1945 година. Менгеле побегнал во Америка и умрел во Бразил во 1970 година.

Перла Овитз последна од целото семејство останала жива. Пред смртта во 2001 година ги потврдила сите стравотии што ги преживеала, но сепак во неа останало милост за злобниот лекар:
„Да ме прашаа дали треба да го обесат, ќе речев да го пуштат. Мене ме спаси милоста на сатаната, а Бог ќе му го даде на Менгеле тоа што го заслужува“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот