Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Окружното обвинителство од Куецалтананго го изведе увидот на местото на трагедијата, во  Центарот за рехабилитација „Кантел” во Куецалтананго, на западот од Гватемала.

Најмалку седум лица загинаа во затвор во Гватемала, соопшти Министерството за правда, пренесе ДПА.

Окружното обвинителство од Куецалтананго го изведе увидот на местото на трагедијата, во  Центарот за рехабилитација „Кантел” во Куецалтананго, на западот од Гватемала.

Според локалните медиуми, седумте жртви биле затвореници убиени за време на бунт во затворот.

Канцеларијата на Народниот правобранител (Прокурадор де лос Дерехос Хуманос, ПДХ) соопшти дека „насилството резултирало со смрт на неколку лица” и констатира дека затворот е пренаселен за 200 проценти, пренесе германската агенција.

Омдусманот соопшти дека отворил истрага за настаните во центарот за рехабилитација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот