Седумкратниот европски шампион заинтересиран за Енис Барди

EPA-EFE/BIEL ALINO

Македонскиот репрезентативец  Енис Барди во текот на летниот преоден рок лесно може да се случи да ја напушти Ла Лига и да се пресели во Серија А и тоа во редовите на седумкратниот европски шампион Милан.

Тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли токму во стандардниот член на македонската репрезентација на Македонија и на Леванте, ја гледа замената на Хакан Чалханоглу кој летово е пресели во редовите на градскиот ривал, Интер.

Барди има уште една година од договорот со Леванте кој македонскиот репрезентативец го проценува на 15 милиони евра, но поради финансиските проблеми, се очекува сумата да се намали доколку Милан сериозно е заинтересиран Барди да го донесе на „Сан Сиро“.

Доколку се реализира трансферот, тогаш Барди би станал четвртиот македонски фудбалер кој идната сезона ќе настапува во Серија А покрај Елиф Елмас (Наполи), Илија Несторовски (Удинезе) и Горан Пандев (Џенова).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот