19 C
Скопје

Седумдневен карантин за влез со авион во Грција, за пристигнувања преку Евзони карантинот трае 14 дена

Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, до 19 април ги продолжи авионските упатства, според кои за сите пристигнувања во земјата, задолжителен e негативен ПЦР тест направен до 72 часа пред патувањето, како и седумдневен карантин, со исклучок на државјаните на Израел кои имаат сертификат за вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Авио упатствата се однесуваат на сите пристигнувања од странство, вклучително и од земјите- членки на ЕУ, а продолжена е и забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Државјаните на Израел кои ги примиле двете дози од вакцината 14 дена пред патувањето и имаат сертификат на англиски јазик се ослободени од седумдневниот карантин.

За сите пристигнувања во Грција задолжителна е и потврда за негативен ПЦР тест, на одредени категории ќе им се прават и брзи тестови при влезот на грчка територија, а ќе бидат тестирани сите оние кои пристигнуваат од Обединетите Арапски Емирати и од Велика Британија.

По пристигнувањето од Велика Британија, освен седумдневниот карантин, задолжителен е и нов ПЦР тест за завршување на седумдневниот карантин.

Согласно упатствата што се во сила од денеска, за руските државјани, летовите се само кон Солун, Атина и Ираклио на Крит, а дозволено е пристигнување на најмногу 4.000 лица седмично.

За пристигнувањата преку копнените граници, односно преку граничните премини Евзони од Северна Македонија и Какавиа од Албанија, како што вчера објави МИА, карантинот е 14, наместо седум дена, а до 19 април продолжена е забраната за влез во Грција на државјани на трети земји.

Поврзани вести

Започна средбата помеѓу Пендаровски и Мицкоски

Слободен печат

Филипче: Нема ништо тајно и сомнително при набавката на кинеските вакцини

Слободен печат

Заев очекува Косово да го испочитува меѓународното право и да го екстрадира Африм Исмаиловиќ

Слободен печат

Германија ќе ја препорача вакцината на Џонсон и Џонсон за лица постари од 60 години

МИА Агенција

Заев: Дигитализацијата е давање шанса на развојот, учебници ќе има

Слободен печат

Муслиу за СП: Македонија може да стане и членка на САД, имаме опции кон Западот

Остави Коментар