Седумдесет и двегодишен кумановец измамен за 1.000 евра

Две лица измамиле седумдесет и двегодишен кумановец за 1.000 евра, соопшти денеска СВР Куманово. Отштетниот го пријавил случајот вчера во 15 часот.

– Според пријавеното едно од лицата му понудило дека доколку му даде пари ќе му донесе злато за поевтина цена, по што откако пријавителот му ги дал парите лицето заминало и не се вратило на договореното место, соопшти СВР Куманово.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот