Седум знаци ја откриваат опасноста: Како да знаете дали нешто не е во ред со бубрезите

Фото: Профимедиа

Намалената функција на бубрезите може да се појави врз основа на широк спектар на состојби. Со оглед на тоа што некои знаци можат да бидат мошне суптилни, важно е да ги препознаете доволно рано за да спречите трајно оштетување.

Бубрезите играат клучна улога во рамнотежата на киселините. Тие исто така ги филтрираат отровите и одредуваат кои хранливи материи треба да се излачат или да циркулираат низ телото. Ако наидете на некој од следниве знаци на предупредување, неопходно е да побарате стручно мислење.

1. Промени во урината

Промени во урината може да се појават врз основа на она што го јадете, пиете, па дури и на лековите што ги земате. Затоа е важно да се обрне внимание на факторите какви што се зачестеноста и бојата.

Посебно внимание обрнете на: тешкотии со уринирање, крв во урина, поретко уринирање, темна урина, меурлива или пенлива урина и чувство на итност на уринирање. Штом ги забележите промените, следете неколкупати, а ако ништо не се промени или симптомите се влошат, веднаш побарајте лекарска помош.

2. Повраќање

Повраќањето и гадењето се знак на проблеми со бубрезите. Пред да ве фати паника, повраќањето и мачнините може да значат многу работи. Но, ако нешто не е во ред со вашите бубрези, отровите ќе се наталожат во организмот. Телото сака природно да ги елиминира овие токсини, што доведува до чувство на екстремно гадење.

3. Замор

Секој одвреме-навреме се заморува. Но, ако заморот стане хроничен, дефинитивно нешто не е во ред. Болните бубрези не произведуваат доволно еритропоетин (ЕПО), природен хормон што се создава во бубрезите, го регулира создавањето на еритроцитите и го стимулира производството на крвните клетки богати со кислород. Резултатот е долготраен замор. Ако и по долго спиење повторно сте многу изморени, задолжително побарајте помош.

4. Осип

Ако имате осипи што чешаат, тоа може да биде последица на таложењето на мокрачната киселина и отпадот. Кога се таложат во вашето тело, можете да почувствувате дамки што чешаат на кожата. Не помагаат ниту локалните третмани, бидејќи ќе се чувствувате како да ве чеша под кожата.

5. Отечени нозе

Кога бубрезите не функционираат правилно, генерално ќе почувствувате задржување на течностите. Додека бубрезите промовираат рамнотежа и испорачуваат хранливи материи, тоа го прават врз основа на регулацијата на водата. Ако не функционираат правилно, течноста може да се акумулира во ткивата. Почесто ќе забележувате дека стапалата и глуждовите отекуваат, но може да отекуваат и рацете и лицето.

6. Грчеви во мускулите

Кога функцијата на бубрезите е оштетена, се развива грчење на мускулите врз основа на нерамнотежата на електролитите. На пример, ако вашето тело има ниско ниво на калциум и лошо регулирано ниво на фосфор, често ќе се појавуваат грчеви во мускулите, најчесто во нозете.

7. Лош вкус во устата

Многумина што имаат проблеми со бубрезите ќе се жалат на лош вкус во устата – речиси како да пијат железо. Бидејќи отпадот се акумулира во телото, попознат како уремија, може да ја направи храната без вкус и да предизвика лош здив. Уремија е состојба на високо ниво на уреа во крвта. Уремичен синдром може да се дефинира како последна клиничка манифестација на бубрежната инсуфициенција.

Ако забележите само еден знак, како што е замор или гадење, нема причина за претерана вознемиреност. Добро внимавајте на урината и следете ги сите промени што се појавуваат. Во моментот кога ќе почувствувате дека нешто не е сосема во ред, побарајте стручно мислење. Колку побрзо интервенирате, толку подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот