Седум титули, две Формула 1 легенди, Хамилтон и Шумахер!

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU/POOL

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон останува на тронот, со денешната победа на трката (14 оваа сезона) за Големата награда на Турција ја обезбеди и седмата титула во Формула 1 шампионатот.

Тој доминира во Ф1 од 2017 година и е во серија од четири трофеи, а претходно победуваше и во 2008, 2014 и 2015.

На тој начин Британецот се израмни по бројот на Ф1 титули со легендарниот Германец Михаел Шумахер и сега тие двајца заедно се најуспешни во историјата на овој спорт. Два трофеи помалку има Хуан Мануел Фанџо, а по четири Алан Прост и Себастијан Фетел.

Хамилтон на патеката „Истанбул парк“ дојде до 10 триумф сезонава, а 94 во кариерата. На победничкиот подиум се најдоа уште Серхио Перес од Рејсинг Поинт и Фетел на Ферари кој во последниот круг го помина неговиот клупски колега Шарл Леклер и изби на третата позиција.

Пред одржувањето на последните три трки (две во Бахреин и една во Абу Даби), има 110 бодови повеќе од својот тимски колега, Валтери Ботас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот