Седум струмичани уапсени за обид за убиство

Седум лица од Струмица се под истрага за обид за убиство што се случи на 1-ви мај пред хотел во Стар Дојран.
„Основното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против седум лица од Струмица на возраст од 19 години до 25 години, и тоа, против едно лице на возраст од 24 години за кривично дело убиство, против едно лице за истото кривично дело како поттикнувач и против пет други лица во својство на помагачи при извршување на кривичното дело, соопшти Јавното обвинителство.

На 1 Мај пред хотел во Стар Дојран дошло до караница помеѓу двајца од осомничените кои биле под дејство на алкохоли и двајца вработени во хотелот. Расправијата преминала во тепачка.

На вработените во хотелот им се придружил маж, додека двајцата сега осомничени повикале уште петмина нивни познаници да дојдат во хотелот, бидејќи имаат проблем.

Во еден момент сите осомничени го заобиколиле оштетениот кој им помагал на вработените во хотелот.

Додека тој бил завртен со грб, еден од осомничените со нож му нанел две убодни рани во грбот и една убодна рана во средината на градите.

По извршената анализа на алкохол во крвта, како што стои во соопштението, е констатирано дека осомничениот во тој момент бил во алкохолизирана состојба во која самиот се довел со количина од 1,69 промили алкохол во крвта.

Имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело и запретената казна, Основното јавно обвинителство Велес оценило дека постои можност осомничениот кој директно го извршил делото да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело. Исто така, бидејќи останатите осомничени му се блиски пријатели, а едниот му е брат, веројатно е дека може да врши и влијание врз нив со кое ќе го попречува водењето на истражната постапка. Затоа ОЈО до судијата на претходна постапка поднесе предлог за притвор за ова осомничено лице, додека за останатите осомничени е предложено да бидат определени мерки на претпазливост“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот