Седум раси на кучиња кои не сакаат да се галат: Верни се, но не сакаат физички контакт

Фото: Profimedia

Поголемиот дел од кучињата сакаат да се галат и сакаат да поминуваат време со своите сопственици. Сепак, постојат и исклучоци, пишува „Скотсман“.

Некои раси се исклучително верни на луѓето кои се грижат за нив, но истовремено и не уживаат во физички контакт и не сакаат да си играат со нивните сопственици. Овие раси се познати по својата независност и затворена природа, поради што не се препорачуваат за луѓе кои бараат куче кое може да го гушкаат со часови.

Важно е да се напомене дека многу од овие раси не се препорачуваат за почетници бидејќи можат да бидат агресивни.

Авганистански ’рт

Авганистанските кучиња се елегантни кучиња кои имаат убаво и долго крзно. Во минатото се одгледувале за лов, поради што се многу селективни при изборот кому му посветуваат внимание. Тие обично се врзуваат само за една личност на која ѝ се особено посветени, додека другите ги игнорираат.

Фото: Chris Howes/Wild Places Photography / Alamy / Profimedia

Шиба ину

Шиба ину е една од најпопуларните јапонски раси на кучиња. Овие кучиња се познати по својата лојалност, но тоа не значи дека уживаат кога се галат. Како и мачките, тие сами им приоѓаат на сопствениците кога ќе посакаат внимание. Поради нивната независна природа и агресивност кон другите кучиња, Шиба ину најмногу ужива во сопственото друштво.

Фото: Mitsuaki Iwago / Minden Pictures / Profimedia

Басенџи

Поради својата независност, овие кучиња наликуваат на мачки. Овие кучиња не сакаат да покажуваат љубов – ниту кон своите сопственици, ниту кон странци. Тие се многу активни и наместо да се гушкаат, претпочитаат физички активности како трчање.

Фото: Tierfotoagentur / Alamy / Alamy / Profimedia

Алјаски маламут

Алјаските маламути биле одгледувани да влечат санки, поради што имаат силна работна етика и независен дух. Најмногу уживаат во физичките активности и не сакаат странци.

Фото: Barbara von Hoffmann / Alamy / Alamy / Profimedia

Шар-пеј

Со нивните преслатки, збрчкани лица, кучињата Шар-пеј изгледаат како да се создадени за гушкање. Иако се заштитнички настроени кон своите семејства, тие не сакаат да покажуваат љубов и се агресивни кон странци и други кучиња.

Фото: Mark Raycroft / Minden Pictures / Profimedia

Чау-чау

Кучињата чау-чау изгледаат како плишани мечиња, но тоа не значи дека сакаат да се галат и да се гушкаат. Тие се многу независни и често се однесуваат рамнодушно кон своите сопственици, додека можат да бидат агресивни кон странците.

Фото: Mark Raycroft / Minden Pictures / Profimedia

Чесапик ретривер

Иако лабрадор ретриверите и златните ретривери се познати по својата социјална и приврзана природа, нивните „роднини“ чесапик ретриверите се сосема спротивно. Тие се одлични ловечки кучиња, но во слободното време тие попрво би биле сами отколку на каучот со својот сопственик.

Фото: Petra Wegner / Alamy / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот