Седум причини зошто кивите треба да се дел од вашата исхрана!

Кивите се суперхрана! Содржат влакна, витамин Ц, витамин Е, витамин К, фолат, бакар, калциум, антиоксиданси, протеини и железо, а сето тоа има позитивно влијание на нашето здравје.

Ова овошје денес е достапно во текот на целата година. Се одгледува на различни места, па можно е да го пронајдете на пазарите, но и во супермаркетите.

Можете да го јадете свежо или пак во некоја вкусна салата, смути или шејк. Но, дали сте свесни за неговиот бенефит? Еве некои позитивни работи за кивите:

Добро е за метаболизмот


Кивито содржи диетални влакна и ензим актинидин кои помагаат во регулирањето на варењето на храната. После обилен оброк изедете киви, бидејќи тоа ќе помогне во разредувањето на белковините од месото и рибата кои можат да доведат до подуеност.

Го регулира крвниот притисок

Кивито помага во намалување на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од поврзани болести како што се срцев и мозочен удар.

Делува против воспаление

Бромелаин, ензим кој се наоѓа во кивито, помага во разградување на протеините и лечи воспаленија. Тоа значи дека намален е ризикот од болести како што се артритис, срцеви болести и мозочен удар. Високите количини на витаминот Ц исто така помагаат во спречување на воспаленијата борејќи се против слободните радикали.

Помага во слабеењето

Доколку внимавате на телесната тежина, кивите дефинитивно треба да се најдат на вашето мени. Ова овошје има голема содржина на вода, а низок гликемиски индекс, нискокалорично е и содржи многу влакна.


Го зајакнува имунитетот

Витаминот Ц е важен за функцијата на клетките, ги штити клетките од оштетување и дава поддршка на имунолошкиот систем. Резултатот е силен имунитет и поретки инфекции, настинки и грип.

Го намалува згрутчувањето во крвта

Кивито може да спречи згрутчување на крвта. Според истражувањата, две до три киви на ден можат да ја заменат дневната доза на аспиринот кој е потребен за разретчување на крвта и подобрување на здравјето на срцето.

Го спречува губењето на видот

Дали сте знаеле дека кивите се одлични за вашиот вид? Макуларната дегенерација е една од главните причини за губењето на видот. Според една студија, три оброка овошје дневно може да ги намалат шансите на макуларна дегенерација за 36%. За тоа се заслужни зеаксантин и лутеин. Содржината на бакар што е од суштинско значење за нервниот систем, индиректно помага и во здравото функционирање на очите.

Останати предности на кивито како овошје се: здрава кожа, намалено оштетување на ДНК, помага кај асматичари, подобар сон и го зајакнува срцето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот