Седум причини да се заљубите во есенското кампување!

Летото заврши, а вие веќе ги ставивте своите шатори и опрема за кампување во подруми или на таванот? Епа вратете се по нив затоа што есента ве повикува на авантура што досега не сте имале можност да ја искусите!

Верувале или не, кампувањето не е резервирано само за летото. Има нешто необично и толку привлечно во спиењето под sвездите на есен. Постојат многу мотиви да се доживее раскошот на недопрената природа со последните топли, сончеви денови, да се разбудите со волшебниот мирис на морето и боровите дрвја и да уживате во особено прекрасните сцени што го одземаат здивот.

1. Богатство на бои

Секоја сезона има свои привлечности, но ако треба да се избере најфотогеничната, есента несомнено ќе ја преземе таа титула! Каде и да сакате да кампувате, есента ќе се потруди погледот од шаторот да биде спектакуларен. Дури и обична прошетка во шума или покрај река може да изгледа како да сте згазнале на сет од некој холивудски филм, додека жолтите и црвените лисја шушкаат под вашите нозе.

2. Идеално време

Есента е време кога деновите се сè уште топли, а ноќите доволно ладни за да можете да спиете низ нив потполно навлечени во топли вреќи за спиење. Тоа е совршено време од годината за возење велосипед, пешачење, па дури и за семејно истражување ридови и шуми во потрага по есенски плодови како што се диви печурки, лешници, ореви и костени.

3. Без гужва, без стрес


Многу кампери со задоволство ќе признаат дека есенското кампување им е омилено, бидејќи има помалку луѓе во кампот, а со тоа и повеќе места за да изберат каде да кампуваат, или да постават шатори. Веќе на почетокот на септември започнува училиштето, езерата и реките стануваат премногу ладни за пливање, а кампот не прави никаков шум. Сè е помирно и порелаксирано отколку во лето.

4. Инсекти, чао-чао!

Сè пократките денови и постудените ноќи ги одбиваат досадните инсекти кои инаку ги расипуваат летните дружења во природата. Повеќе нема потреба да се користат спрејови, специјални свеќи или тенки мрежи на шатори против комарци и други влекачи. Почетокот на постудениот период од годината е и крај на сезоната на алергии, па затоа е навистина полесно да се дише во есен.

5. Храната е повкусна

Нема ништо подобро од дружење додека подготвувате храна на отворено, нели? Многу кампови нудат можност за готвење покрај камперскиот оган, што покрај тоа што ви дава топлина, обезбедува и доза на дополнителна забава и е совршена средина за разговор или пеење со пријатели за време на студените ноќи. Но, ако сте поставиле шатор во дивината, подобро е да ја подготвите вашата храна на преносен шпорет на гас за да избегнете можност од пожар.

6. И ѕвездите се поубави

Дали знаевте дека ноќното небо е најубаво во есен? На чисти ноќи, извадете душеци на надувување од шаторот или завиткајте се во вреќи за спиење и пронајдете ги со соѕвездијата Андромеда, Пегаз, Риби и Водолија, истражете ги sвездите на нашиот Млечен Пат и задолжително посакајте желба ако видите ѕвезда што паѓа.

7. Попристапни цени

Да одите на кампување надвор од главната туристичка сезона е одличен потег што се однесува до финансиите. Многу кампови нудат значително пониски стапки за изнајмување за парцели што се наоѓаат од првиот ред до водата или на најдоброто место во шумата. Покрај тоа, повеќето од нив веќе не добиваат резервации, но правилото е „прв дојден, прв послужен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот