Седум повредени на патот Тетово-Брвеница

Фото: МИА

Седум лица на возраст од 17 до 38 години се повредени во тешката сообраќајна незгода што се случи ноќеска на патот од Тетово кон Брвеница. Сообраќајката се случила при судир на две возила „БМВ” и „голф” синоќа околу 23 часот.

– Во „голфот“ биле четири лица од кои тројца се тешко повредени и однесени на лекување во скопските клиники, додека еден е задржан во тетовската болница. Во второто возило имало три лица, а во сообраќајката тешко повреден е возачот кој исто така е однесен на скопксите клиники. Едниот сопатник е задржан на лекување во тетовската клиничка болница, а другиот по укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување – информираат од СВР Тетово.

Во текот на ноќта е извршен увид и со цел да се открие како се случила сообраќајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот