Седум победници од групите се четвртфиналисти во ЛШ, недостасува само еден!

Фото: EPA-EFE/Miguel A. Lopes/POOL

Баерн, Реал Мадрид, Манчестер сити, Ливерпул, Челси, Борусија Дортмунд и ПСЖ се екипите кои беа први во своите групи во Лигата на шампионите оваа сезона.

И сите тие на некој начин рутински ја минаа првата рунда од нокаут фазата и се пласираа во четвртфиналето.

Единствениот од вкупно осум освојувачи на првото место што не минаа меѓу осумте најдобри е Јувентус, „Старата дама“ беше елиминирана од Порто во осминафиналето.

Португалците славеа со 2:1 на првиот натпревар на домашен терен, а потоа загубија со 3:2 во Торино по продолженијата, што им донесе место во следната фаза поради повеќе постигнати голови на гости.

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Јуве ги разочара своите навивачи, а италијанскиот фудбал доживеа крах, бидејќи за првпат од сезоната 2015/16 нема да има претставник во четвртфиналето од ЛШ.

Покрај составот на Андреа Пирло, во осминафиналето беа елиминирани уште Лацио (од Баерн Минхен) и Аталанта (од Реал Мадрид), а Интер не ја помина групата.

Ова е само шести пат од основањето на Лигата на шампионите во 1992 година, што ниту еден клуб од Серија А нема да се најде во четвртфиналето. Ова исто така се случи во сезоните 2000/01, 2001/02, 2008/09, 2013/14 и 2015/16 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот