Седум новозаболени од Ковид 19 во Куманово, сите од познати кластери

Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира четири новозаболени лица од Ковид 19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Оздравени се 31 лице.

-Заболените од Куманово се од познати кластери, изјави доктор Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје Куманово.

Денеска, извршени се вкупно 52 тестирање од кои 19 по „Мој термин” и  33 согласно епидемиолошки индикации.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, ковид дијагностицирани се 813 лице од кои во моментов активни се 174 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот