Седум начини за подобро однесување на интернет

Фото: Профимедиа

Кога е во прашање дигиталната приватност, лесно е да се почувствуваме безнадежно. Ние сме само обични смртници. Ние сме само мали молекули во нивните машини! Каква моќ имаме за да возвратиме?

Ако не се плашите од тоа што ги оставате вашите лични податоци на интернет додека сурфате, не сте обрнале внимание! Бев исплашен, но оваа година дознав дека не сум се плашел доволно, пишува Тим Херера во текст за „Њујорк тајмс“.

Инспириран од оваа видлива, и застрашувачка приказна – таа за корисничките податоци – Херера во темата навлезе подлабоко од било кога и не му се допадна тоа што го најде.

Затоа ги научете ги овие седум важни работи кога станува збор за однесувањето на интернет.

Зачувајте (барем малку) приватност

Не е тајна дека сме следени секаде на интернет. Тоа сите го знаеме и секој од нас има приказна за алармантно специфичен оглас кој се појавува на Фејсбук или директно целна промоција која не следни ширум интернетот. Но, како уредите се почесто се поврзуваат со интернет во нашето секојдневие – паметни телевизори, паметни звучници и паметни ладилници – и како што расте нашата зависност од паметните телефони, едноставно создаваме многу повеќе податоци од претходно.

Исчистете зад себе

Гугл и Фејсбук собираат информации за нас, а тоа тие податоци ги продаваат на огласувачите. Сајтовите поставуваат невидливи „колачиња“ на нашите компјутери и потоа бележат каде сурфаме на интернет. Дури и државата (САД) знаела дека не следат.

Кога е во прашање дигиталната приватност, лесно е да се почувствуваме безнадежно. Ние сме само обични смртници. Ние сме само мали молекули во нивните машини! Каква моќ имаме за да возвратиме?

Мислете на манирите

Како нашите животи се повеќе се одвиваат на мрежата, добрата дигитална репутација е пресудна. Баш како што ние ги оценуваме луѓето според тоа како се однесуваат во вистинскиот живот – така ги забележуваме и манирите на некои луѓе во дигиталната сфера.

Студиите се обидоа да измерат колку е потребно да се создаде прв впечаток, а некои сугерираат дека тоа би можеле да бидат само милисекунди. Некои експерти тврдат дека се потребни само седум секунди за да донесеме суд за некоја личност што сме ја запознале – а истото важи и за онлајн средбите.

Научете се на фер борба

„Луѓето се социјални суштества, но на интернет немаме наговестувања за да препознаеме и вистински да сочувствуваме со другите луѓе, да видиме како се чувствуваат или како реагираат на работите“, смета Мајк Рибл, коавтор на книгата „Прирачник за дигитално државјанство за школски води“. Ние ги предвидуваме интернет „троловите“, луѓе кои објавуваат провоцирачки и непријателски содржини на интернет и социјалните мрежи, како чудовишта кои се кријат зад сигурноста во онлајн светот. Во реалноста, троловите можат да бидат вашите пријатели, родители, соседи – па дури и ние самите.

Дури и ако не ви одговара дефиницијата на „трол“, која е поврзана со намерните обиди за предизвикување на раздор, лесно може да се најдете себеси како пливате во матните води на „тролањето“. Со други зборови, сите имаме способност да се вклучиме во непродуктивни, злонамерни дискусии на интернет кои потоа не го одразуваат нашиот карактер.

Пишувајте подобри мејлови

Бескрајната расправа која се води на интернет: што треба да кажете на крајот од вашиот меил? Дали веселото „Поздрав“ е преплитно (освен ако не сте Британец)? Дали „Се најдобро“ е безнадежно слабо? Можете ли едноставно да ги завршите работите, грациозно заминувајќи по своето име до следната интеракција, или морате да ги наведете и своите работни достигнувања и клучни статистики откако ќе кажете „Довидување“? Што навистина треба да знаете кога испраќате меил на друга личност? И, дали луѓето во денешниот свет се уште зборуваат на телефон?

Еве добри вести: заврушувањето на е-пораките е многу поедноставно отколку што мислевте.

Добро размислете пред да испратите ДМ (direct message)

Директна порака – ДМ (direct message) е разговор на поединец со друг корисник кој се наоѓа на платформите на социјалните мрежи. Поголемиот дел од нив – Фејбук, Твитер, Инстаграм, Снепчет, Ликдин и слично – нудат некој облик на ДМ комуникација.

„Прочистете“ ги податоците

Ако ни треба проверка на здравјето, финансиите или автомобилот, можеме да пронајдеме и лекари, сметководители и механичари. Но кој ги проверува нашите дигитални животи?

Не постои она што би требало да биде планиран сервис на вашиот хард диск по 10.000 километри или замена на масло за вашиот паметен телефон. Препуштени сте сами на себе.

Некои луѓе ги поминуваат годините без премногу да размислуваат за личните податоци. Бидејќи сме на почетокот на новата година, еве уште една ставка за вашата новогодишна листа: сеопфатна проверка на личните податоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот