Седум милиони евра од ЕУ и СЗО за вакцинација на западен Балкан

Скопје, 17 февруари 2021 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Европската Унија и Светската здравствена организација (СЗО) започнуваат проект вреден седум милиони евра за вакцинација на населението на западен Балкан, соопшти денеска Европската Комисија.

-Со овој нов проект за поддршка на кампањите за вакцинација на западен Балкан, во партнерство со СЗО, ЕУ продолжува да ги исполнува своите ветувања за поддршка на нашите партнери во справувањето со пандемијата. Овој проект го надополнува пакетот од 70 милиони евра за присап до вакцини за регионот, изјави еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Целта на овој нов проект на ЕУ и СЗО е да ги подготви земјите од регионот за ефикасен прием и администрација на вакцините против Ковид-19, кои ќе пристигнат преку Ковакс или преку механизмот на ЕУ за споделување на вакцините.

Европската Унија се надева со оваа иницијатива исто така да ја помогне ефикасноста на здравствените системи во регионот “преку придвижување кон одржливо финансирање на универзално здравствено осигирување”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот