Седум милијарди долари изнесува трговска размена од јануари до мај – Слободен печат
ВестиЕкономија

Седум милијарди долари изнесува трговска размена од јануари до мај

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 212 825 593 илјади денари, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 161 290 026 илјади денари и бележи пораст од 14.7 % во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 212 825 593 илјади денари, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 51 535 567 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 75.8 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Во периодот јануари – мај 2019 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.

Стоковна размена изразена во евра и САД долари

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 2 622 004 илјади евра и бележи пораст од 14.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 459 876 илјади евра, што е за 14.1 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 837 872 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 2 959 957 илјади САД долари и бележи пораст од 6.4 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 3 906 117 илјади САД долари, што е за 5.6 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2019 година, изнесува 946 160 илјади САД долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close