Седум медали за каратистите од Универзијадата во Загреб

Горди на постигнатите резултати, а спортистите покажаа голема борбеност и пожртвуваност за време на сите натпревари.

Нивната посветеност и професионалниот однос кон спортот ги направи да бидат една од најуспешните селекции по број на освоени медали на оваа Универзијада, резултатите се повеќе од очекуваното.

Нашите каратисти од универзитетската репрезентација на Македонија, освоија вкупно седум медали. Освоени се четири сребрени и три бронзени медали.

Сребрени медали освоија: Петар Заборски -75 кг поединечно борби, Сара Радичевска -50 кг поединечно борби, Моника Пендаровска -61 кг, поединечно борби, како и машкиот тим во борби, во состав (Петар Заборски, Петар Спасеновски, Давид Петков, Ацковски Роберто и Гпоран Николовски).

Бронзени медали освоија: Анѓела Мојсовска -68 кг, поединечно борби, Петар Спасеновски -84 кг, поединечно борби и женскиот тим во борби, во состав (Симона Заборска, Сара Радичевска, Моника Пендаровска и Анѓела Мојсовска).

Во Загреб, главниот град на Хрватска, од 31 јули до 4 август, имаше 1300 учесници од 400 универзитети и 36 европски земји, ова беше прво вакво издание на четирите европски шампионати што се одржуваат како еден настан на универзитетско ниво и тоа го направи најголемиот настан во календарот на ЕУСА за 2019 година.

Во четири различни сали завршија натпреварите во четири боречки спортови карате, таеквондо, џудо и кикбокс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот