Седум лица се повредени при слетување на авион во Русија

Фото: EPA/SERGIO DIONISIO

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Седум лица се повредени денеска кога авион „Ан-2″ удри во земја за време на слетување во Магадан, на рускиот далечен исток, изјави портпарол на руското Министерство за вонредни ситуации.

– Во авионот имало 12 патници и двајца членови на екипажот. Според првичните податоци, седум лица се повредени, нагласи портпаролот.

Локалната Влада соопшти дека повредените биле пренесени во болница со полесни повреди, освен едно лице кое е во критична состојба.

Според првите информации, авионот е во сопственост на приватна компанија и удрил во земја од 10 метри висина. Со него се превезувале вработени во компанијата.

За инцидентот е поведена истрага и се претпоставува дека е предизвикана од пилотска грешка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот