Седум лица починаа, од 727 тестирања регистрирани 89 нови случаи на Ковид-19

epa08437662 Medical staff wearing protective masks, stay in front of the Infectious Diseases Clinic inSkopje, Republic of North Macedonia, 22 May 2020. Due to the increased number of new patients with COVID -19 as well as the celebration of the great Muslim holiday of Ramadan on May 24, the Macedonian government has again proposed a new curfew that would run from 23 May at 7pm to 26 May at 5am. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани 89 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-27, Прилеп-1, Тетово-7, Гостивар-1, Струмица-1, Кочани-4, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти и 7 починати. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје-2, Прилеп-12, Велес-3. Починатите се од: Скопје-2, Куманово-2, Тетово-2 и Струга-1.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Тетово, 54 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606. Последната дистрибуција по градови е следната:

•    Скопје – 876, активни 298
•    Куманово – 467, активни 55
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип – 103, активни 68
•    Прилеп –212, активни 30
•    Тетово – 217, активни 83
•    Струга – 84, активни 13
•    Велес – 130, активни 27
•    Битола –28, активни 3
•    Охрид –23, активни 6
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –27, активни 7
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 4, активни 2
•    Крива Паланка- 6, активни 0
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 37, активни 6
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 3, активни 1
•    Неготино -12, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 0
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -2, активни 1
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 0
•    Берово-1, активни 0
•    Свети Николе-2, активни 2.

Направените 727 теста се преку: ИЈЗ –446, ЦЈЗ Скопје-53 , Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –9, Систина со PCR метода -117  и МАНУ -102.  Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

а Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 30 пациенти. На респираторна машина се 3, a со потешка клиничка слика се 9 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување се следат 15 пациенти во стабилна состојба. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот